Промоција на италијанската Конфиндустрија во Македонија

Од:

Конфедерацијата на италијанска индустрија (Confindustria), организација која ги застапува италијанските компании, денеска ќе го промовира отвореното претставништво во Македонија.

Конфиндустрија Македонија е основано со цел да биде адреса за сите италијански претприемачи коишто во Македонија бараат бизнис партнери, а овој дел од Балканот го сметаат за интересен за развој на своите бизнис активности.

На промоцијата ќе се обратат вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, амбасадорот на Италија, Карло Ромео, претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска, сопственик на групацијата СОЛ Џули Фумагали, потпретседателот на Конфииндустрија Италија Едоардо Гароне и претседателот на Конфииндустрија Македонија Марко Маркони.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата