Промоција на 10 реновирани железнички станици во Македонија

Од:

Десетте реновирани железнички станици во Македонија, по линија на Паневропскиот коридор 10 и кракот 10-д, ќе бидат промовирани денеска во Велес, како дел од кампањата „ЕУ за тебе“ за промоција на инвестициите на ЕУ во Македонија.

На промоцијата ќе присуствуваат вицепремиерите за европски прашања и за економски прашања и координација со економските ресори, Бујар Османи и Кочо Анѓушев, како и евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Како што соопшти СЕП, Османи, Анѓушев и Жбогар ќе извршат увид на реновираната железничка станица во Велес, по што симболично ќе отпатуваат со воз до железничката станица Чашка, која, исто така, е реновирана со овој проект.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

Орце Костов

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

Орце Костов

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

Орце Костов

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

Орце Костов

Втор ден не сообраќа возот на релација Велес-Прилеп-Битола и обратно

Директори им се закануваат на машиновозачите со откази наместо да делат плата: „Нашата плата е 23.000, а не 60.000 денари“

Горан Наумовски