Прометот во индустријата со раст на странскиот, а пад на домашниот пазар

Од:

Прометот на индустријата во октомври годинава во однос на октомври лани бележи раст од 5,8 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во октомври 2017, во однос на октомври 2016 година, бележи опаѓање од 5,6 отсто, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 8,5 проценти.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење камен во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, бележи опаѓање од 3,1 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6,1 процент.

Според главните индустриски групи, прометот во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,4 отсто, Капитални производи за 7,2 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 5,4 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за четири отсто.

Прометот во индустријата во октомври 2017 година, во однос на септември 2017 година, бележи опаѓање од 1,8 проценти, додека во периодот јануари – октомври 2017 година, во однос на периодот јануари – октомври 2016 година има раст од 6,6 проценти.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата