За време на првомајските празници, односно од 1 до 3 мај, патничките возови ќе сообраќаат со нов возен ред, соопштија денеска од ЖРСМ Транспорт АД Скопје.
Во петок, 1 мај, ќе сообраќа возот број 640 од Битола со променет возен ред, со задоцнување, со поаѓање од Битола во 06:00 часот. Ќе сообраќа и возот број 630 од Гевгелија со променет возен ред, со поаѓање од Гевгелија во 05.40 часот.
Во Сабота и Недела патничките возови нема да сообраќаат.