Прогласени најдобрите производители на вина и ракии од натпреварот во Демир Капија

Од:

Во натпреварот за најдобри производители на вино и ракија, организиран  од демиркаписката локална самоуправа и Центарот за едукација и вмрежување во туризмот, во категорија вина првото место го освои Блажо Петров, а за ракија Зоки Трајков.

Стручното жири од професоналните енолози во состав  Андон Крстевски од винарија „Стоби” како претседател, Влатко Анчев од винарија „Повардарие” и Ристе Михајлов од винарија „Дудин”,  по извршената дегустација и бодување на мострите, второто место во категорија вина му го додели на Зоран Атанасов и трето на Христијан Петровски. Во категорија ракија второ место му припадна на Петар Стојковиќ и трето место на Стојков Сашко.

– Едно од најинтересните случувања во деновите на традицијата  е натпреварот за најдобро домашно вино и ракија. И овој натпревар станува своевидна традиција која годинава се одржа по шести пат. Забележлив е од година во година се поголемиот интерес за земање учество во натпреварот.Оваа година се натпреваруваа рекорден број на натпреварувачи. Во категорија вина беа пријавени 51, а во категорија ракии,  30 мостри, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при општина Демир Капија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје