Проект за подобрување на вештините во модерното градежништво

Од:

Унапредување и сертификација на професионалните вештини во модерниот градежен сектор, неопходни за енергетски одржливи градби, е целта на проектот BIMcert, во чие спроведување како дел од конзорциум на европски универзитети и институти ќе биде вклучен и Научниот институт за истражувања во градежништво, животна средина и енергетика (ИЕГЕ) осонован од Градежниот институт Македонија.

За проектот, што ќе почне во јануари следната година и ќе трае 20 месеци, се обезбедени 1.247.000 евра преку програмата на европскиот фонд „Хоризонт 2020“.

Проектот има мултидисциплинарен пристап на специјализирана обука, која се состои во развивање програма за едукација на професионален кадар ангажиран во сите сектори на високоградбата, од сите нивоа и профили.

Од ИЕГЕ истакнуваат дека проектот ќе биде од големо значење за експертите и за деловната и административната политика на градежниот сектор во Република Македонија.

Во проектниот конзорциум се вклучени високообразовни и истражувачки центри од Велика Британија, Ирска, Португалија и Хрватска.

Би можело да ве интересира

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска

СГИП и Здружение на градежништво: Скоро две милјарди евра ќе се одлеат на странски компании, домашниот сектор е пред затворање

Бочварски – Трајковски: Градиме преку 850 социјални станови низ државата

А1он

Бочварски: Браната Отиња се гради според предвиденото темпо

Ана Ололовска

Градежништвото чека антикризни мерки, недвижностите атрактивни и во ковид пандемија

Ана Ололовска

Градежниците бараат намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за увоз на поскапените градежни материјали

А1он