Презентација на проектот „Зајакнување на финансиската отчетност и транспарентност во Македонија“, како и на првиот квартален извештај од следењето на работата на Државниот завод за ревизија (ДЗР), подготвен како дел од овој проект, ќе се одржи денеска во Скопје.
Проектот „Зајакнување на финансиската отчетност и транспарентност во Македонија“ е имплементиран од Фондацијата за демократија на Вестминстер, Центарот за економски анализи и Институтот за комуникациски студии, со поддршка од Британската амбасада во Скопје.
На презентацијата, информираат од Фондацијата, ќе стане збор и за улогата којашто ја има ДРЗ во системот на надзор над јавните финансии, значењето на независните регулаторни тела во демократско општество, но и за тоа како преку соработка на овие тела, пратениците во Собранието, медиумите и граѓанското општество може да се постигне поголема финансиска отчетност и транспарентност во Република Македонија.