Продолжува јавната дебата за реформите во јавните набавки

Од:

Втора јавна дебата за реформите во јавните набавки за кои е подготвен нацрт текст на закон ќе се одржи денеска во Струга.

На дебатата е најавено обраќање на министерот за финансии Драган Тевдовски.

На првата јавна дебата минатата недела во Скопје со учество на бизнисмени од стопанските комори надлежните институции најавија дека новиот закон ќе обезбеди заштита од корупција и контрола врз основа на која ќе се утврдува одговорност. Во соработка со Светска банка се спроведува проект за црвени знаменца кои ќе се вградат во електронскиот систем за јавни набавки и ќе бидат показатели на корупција.

Со законот се предлага подигање на прагот на јавните набавки од сегашните 500 евра на 1.000 евра во класичниот сектор и на на 2.000 евра во секторските дејности. Ќе се воведе електронски пазар на мали јавни набавки, во вид на електронски каталог, што ќе овозможи нивно брзо и ефикасно решавање. Се предлага да се воведе и претходна контрола која ќе ја врши Бирото за јавни набавки.

Во наредниот период јавна расправа за законот ќе се организира и во Штип. Законот треба да биде усвоен од Собранието до октомври годинава, а да започне да се применува од јануари догодина.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

Јавните набавки во 2023 година достигнаа рекордно висока вредност и рекордно ниска конкуренција во последните 10 години

Ниту едно министерство или општина во земјава нема високо ниво на заштита од корупција во јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Пад на вредноста на општинските тендери во 2022 година за една третина

Повеќе од 400 милиони евра договори за јавни набавки се склучени во постапки на кои имало само една понуда

Секоја втора фирма која учествува во тендери во земјава вели дека има корупција