Продолжува акцијата „Отворено со Катастарот“

Од:

Агенцијата за катастар на недвижности ја продолжува акцијата „Отворено со Катастарот“ со цел граѓаните преку директни средби со стручните тимови на Агенцијата да ги решаваат своите проблеми.

Акцијата продолжува денеска во Битола каде стручните тимови на Катастарот до четврток ќе остваруваат средби со граѓаните, а од 29 до 31 јануари во Охрид.

Дел од активностите на стручните тимови при посетите ќе бидат насочени и кон поддршка на подрачните одделенија во спроведувањето на новите проекти на Катастарот, како што е Проектот за дигитализација на катастарските планови.

Акцијата „Отворено со Катастарот“ ќе продолжи и во февруари, март, април и мај. Во февруари со стручните тимови на Агенцијата граѓаните ќе можат да се сретнат во скопските општини Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Гази Баба и Аеродром.

Во март стручните тимови на Агенцијата за катастар ќе бидат во Струга, Дебар, скопските општини Центар Чаир и Бутел, Струмица, Радовиш, Прилеп, Кавадарци, Неготино.

Во април планирано е средби да се одржат во Гевгелија, Валандово, Крива Паланка, Велес, Штип, Демир Хисар, Кочани, Виница и Ресен, Гостивар и Тетово.

Во мај акцијата „Отворено со Катастарот“ ќе биде заокружена во Берово и Делчево.

Би можело да ве интересира

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

Орце Костов

Рибароски: Агенцијата за катастар води хајка против приватните геодетски компании во спрега со судовите

Комора на геодетски друштва: Новиот тарифник е пресметка на директорот со приватните компании

Орце Костов

Поскапе имотниот лист: Катастар ги зголеми цените поради поскапата струја и повисоките плати

Орце Костов

Вработена во Агенцијата за катастар побарала поткуп од 2.000 денари

Горан Наумовски

Митева: Катастарот е уште една институција која СДСМ по само пет години ја донесе на раб на банкрот