Продолжен рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

Од:

Ги известуваме земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година е продолжен до 31 јули информира Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој.

Во овој период се поднесуваат барања за:

– растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за одржување на постоечки површини со овошни и лозови насади како и површина за производство на сертифициран семенски и саден материјал,
– сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда и гоеници во кланица,
– органско земјоделско производство.

Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата од страна на земјоделското стопанство а доколку имаат потреба од помош можат да се обратат во подрачните единици на МЗШВ.

Линкот за пристапување до апликацијата е:
www.ipardpa.gov.mk – Директни плаќања е-субвенции.

Со отварање на овој линк, во полето „Известувања/упатства“ достапни се деталните упатства за поднесување на барањето, Листата на потребни документи како и Програмата и Уредбата за директни плаќања во кои детално се претставени условите и висината на финансиската поддршка.

Би можело да ве интересира

Николовски: Со првиот повик од ИПАРД 3 програмата го срушивме рекордот на интерес кај земјоделците

Над 50 милиони евра поддршка преку ИПАРД и „Млад земјоделец“

Предраг Петровиќ

Љупчо Николовски: Објавен првиот повик за ИПАРД 3 програмата

Катерина Ѓуровски

Димковски: ДПМНЕ е криминална партија, проневерила средства и од ИПАРД

Николовски: Објавен нов јавен повик од ИПАРД II, 5 милиони евра инвестициски фонд ставаме на располагање за проекти преку мерката 3

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Николовски: ЕК ја усвои ИПАРД 3 за Македонија

Ана Ололовска