Продолжен рокот за поднесување ДДВ пријави до 27 октомври

Од:

Управата за јавни приходи го продолжи рокот за поднесување ДДВ пријави до 27 октомври 2017 година.

– Согласно Законот за даночна постапка, поради отежнатото поднесување даночни пријави преку системот е-Даноци на 24 и 25 октомври 2017 година, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува.

Крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата од 25 октомври 2017 се продолжува за два работни дена, односно крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 27 октомври 2017 година, стои во соопштението од УЈП.

Би можело да ве интересира

Прекин во работењето на системот е-Даноци

УЈП ја објави листата на должници, намален бројот на компании должници, зголемен кај физичките лица

УЈП: 1.198 даночни обврзници да го платат веднаш ДДВ долгот за октомври

А1он

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница