Продажните цени на индустриските производители пониски на месечно, повисоки на годишно ниво

Од:

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во мај годинава се повисоки за 0,2 отсто на месечно ниво, а пониски за 4,2 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во мај 2015, во споредба со април 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 отсто како и во групите Интермедијарни производи, освен енергија и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто.

Во мај 2015, во споредба со мај 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 10,8 отсто, Капитални производи за 4,3 отсто и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,9 проценти.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто