Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јануари годинава се повисоки за 0,3 отсто на месечно ниво, а пониски за 0,8 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Во јануари 2019, во споредба со декември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите енергија за 2,1 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 0,8 отсто, нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,7 отсто и капитални производи за 0,3 отсто.
Во јануари 2019, во споредба со јануари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите енергија за 5,4 отсто и интермедијарни производи, освен енергија за 0,5 отсто.