Пробно почна да пристигнува азербејџански гас по интерконекторот меѓу Грција и Бугарија

Од:

Почна пробниот трансфер на гас од Грција кон Бугарија преку интерконекторот Комотини – Стара Загора, на Твитер соопшти амбасадорот на Азербејџан во Бугарија, Хусеин Хусеинов.

Според Хусеинов, пробното количество на азербејџански природен гас се очекува да биде испорачано до крајот на јуни, а испораката на договорените количества ќе почне редовно од 1 јули.

Азербејџанскиот амбасадор во Бугарија најави дека интерконекторот е заеднички проект и се развива на територијата на двете земји. По него ќе се добива целиот обем на азербејџански гас, но возможно ќе биде и испораката со течен гас од САД, Катар, Египет и Израел. Капацитетот е три милијарди кубни метри, а количеството може да ги задоволи речиси целосно потребите на Бугарија и притоа може и дополнително да се зголеми.

Би можело да ве интересира

Русите со дронови го нападнаа Киев, вкупно 11 лица се повредени, вклучувајќи две деца

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, само е прашање на време

Зеленски: Прекин на огнот во војната со Русија е можен во секој момент

„Њујорк тајмс“: Украина ќе добие ракетен систем „Патриот“

Зеленски: Русија бара молк на 9 мај, но ја напаѓа Украина секој ден

Украински дрон собори два руски борбени авиони Су-30

Горан Наумовски