Природниот гас за стопанството поевтинува за шест денари

Од:

Компанијата Макпетрол а.д. Скопје ја намали цената на природниот гас за стопанството за 6,23 денари. Новата цена изнесува 30,03 денари за кубен метар гас за разлика од досегашните 36,26 денари.

Според компанијата, споредено со минатиот месец намалувањето е за 17,18 проценти.

Причина за намалувањето е пониската набавна цена на гасот за првиот квартал годинава во споредба со четвртиот квартал од минатата година за 14,3 проценти, односно цената од 579 долари за 1.000 метри кубни се намалува на 496 долари, соопшти „Макпетрол“.

Би можело да ве интересира

Песков: Подготвени сме да разговараме за продолжување на транзитот на гас во Европа преку Украина

Русија: Пет лица повредени, 54 евакуирани поради експлозија на гас

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Пет понуди на повикот за изградба на интерконекторот со Грција

Цените на гасот во Европа на годишниот максимум

Предраг Петровиќ