Презентација на Инструментот за кофинансирани грантови во Струмица

Од:

Регионалниот центар на Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија во Струмица, денеска, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, ќе го презентира Инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации.

Презентацијата е дел од циклусот што веќе се одржува низ повеќе градови во земјата, а целта е јавноста и целните групи да се информираат за Инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации, наменет за микро, мали и средни претпријатија од сите сектори.

Инструментот е наменет и за приватни здравствени установи кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие, установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност или ПЗУ.

Би можело да ве интересира

47-годишен струмичанец осомничен за убиство откако со нож ранил познаник

Земјотрес почувствуван во Струмица и околината

Струмица се прости од младиот музичар Ѓоргиев

Горан Наумовски

Во Струмица, Гевгелија и Валандово собири во спомен на загинатите во пожарот во Кочани

Горан Наумовски

Разрешени се сите членови на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал

Полицијата уапси пироман кој опожари две возила во кругот на струмичката болница