Преговорите за зголемување на минималната плата продолжуваат во петок

Од:

Дијалогот меѓу социјалните партнери за раст на минималната плата во државата започна на денешната седница на Економско-социјалниот совет.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска како претседател на Економско- социјалниот совет, пред отворањето на дискусијата се осврна на заложбите на Владата на РСМ, кои се дел и од Програмата на Владата 2022-2024 година, а тоа се раст на минималната плата и вреднување на трудот на работникот.

„Како Влада и ресорно министерство надлежно за прашања од областа на трудот, унапредувањето на статусот на работникот е наш приоритет, особено во време на економско-енергетска криза на глобално ниво, од која не сме поштедени ниту ние како држава. Затоа, го отвораме дијалогот, за да најдеме заедничко решение кое ќе одговори на предизвиците со кои сме соочени,“ рече министерката Тренчевска.

Заменик претседателот на Владата за економски прашања, Битиќи истакна дека само преку дијалог и отворени дискусии со социјалните партнери ќе се дојде до најдоброто и најодржливо долгорочно решение. Зборуваме за креирање на систем, рече Битиќи, механизам којшто и наредните години ќе осигура дека минималната платата плата е достоинствена плата.

Претставниците на синдикатите и на работодавачите изнесоа свои предлози за утврдување на минималната плата, за кои ќе се дискутира на следната закажана седница на ЕСС во петок.

Дијалогот останува отворен, затоа што тој е единствениот пат за постигнување на консензус.​

Би можело да ве интересира

Синдикалците пред Собранието на Македонија побараа минималната плата да биде 500 евра

Пешевски: Повисоки плати не се 500 евра плата, туку 500 евра минимална плата

Горан Наумовски

Доколку не се зголеми минималната плата, ССМ најавува генерален штрајк

Горан Наумовски

Трендафилов: Да донесеме одлука пратениците да бидат на минимална плата до наредното зголемување

Горан Наумовски

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

СДСМ: Папаја за Владата – трошки за народот, срамна одлука за „зголемување на “ минималната плата од 1.800 денари