Преговорите за минимална плата продолжуваат следната недела

Од:

Економско-социјалниот совет денеска ја продолжи дискусијата за утврдување на минималната плата во државата, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

На денешната седница беа презентирани неколку различни симулации направени врз основа на доставените предлози од социјалните партнери за раст на минималната плата.

„Од страна на Бизнис Конфедерација на Македонија беше доставен предлог во кој покрај измена на критериумите за усогласување на минималната плата се даде предлог и за обезбедување на финансиска помош за исплата на минимална плата од буџетот на РСМ. Овој предлог бара дополнителна анализа, со цел да се утврдат фискалните импликации кои би го предизвикале предложеното решение.

Затоа беше договорено социјалниот дијалог да продолжи следната недела, со цел да се дојде до приближување и изнаоѓање на најодржливото системско решение, кое ќе даде резултат на долг рок“, велат од МТСП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ:Трендафилов ги манипулира работниците, отвара теми на кои СДС, ДУИ и Левица се лепат со предлози и наводни решенија

Мицкоски: Дополнителните придонеси што би ги плаќала Владата, не се предвидени во Буџетот

ССМ бара зголемување на минималната плата за 6.000 денари

Горан Наумовски

ВЛЕН: Минималната плата ја зголемуваме на 400 евра

Горан Наумовски

Шукова: Минимална плата од 500 евра за спас на стандардот на работниците

Нема врска која ја прави кошничката, Владата нема концепт за минималната плата вели Филипче

Катерина Ѓуровски