Преговори за намалување на роаминг цените со ЕУ

Од:

Правните инструменти и решенија, со кои ќе се овозможи имплементација на иницијативата за намалување на цените на роаминг-услугите на Македонија со земјите од Европска унија ќе бидат тема на разговор на денешната средба на министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски со директорот на Дирекцијата за комуникациски мрежи, содржини и технологии на ЕУ, Роберт Медлин.

На средбата во Брисел ќе присуствува и делегација на Агенцијата за електронски комуникации предводена од директорот Роберт Орданоски.

АЕК во септември лани доби позитивно мислење за иницијативата што ја покрена за изедначување на роаминг цените за граѓаните на Македонија. Нивен стручен тим продолжи  да работи на унапредување на препораките и на соработка со државните и меѓународни институции, со цел финално  прифаќање на иницијативата и конечно намалување на роаминг цените. На тој начин македонските граѓани ќе имаат можност да ги користат придобивките на единствениот европски пазар, иако се уште Македонија не е членка на Европска унија.

Македонската Влада ги задолжи министерствата за надворешни работи и за информатичко општество и администрација, да се вклучат во преговорите заедно со АЕК и да создадат правна рамка за реализација на иницијативата.  Во меѓувреме владите на Србија и на Црна Гора ја прифатија  иницијативата со што се договара заеднички став во текот на преговорите со Европска комисија  за таа  активност. Агенцијата за електронски комуникации и Министерството за надворешни работи веќе работат на текстот на предлогот за заеднички настап на трите држави.

Би можело да ве интересира

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

Горан Наумовски

На мобилен месечно зборуваме по 3,5 часа, на фиксен половина час

Ана Ололовска

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до корисниците

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Во првиот квартал 1,9 милиони претплатници во мобилната телефонија

Ана Ололовска

Во мобилната телефонија 1,969 милиони претплатници

Ана Ололовска