Предлогот за намалување на ДДВ кај струјата вреден за разгледување од Владата, смета премиерот

Од:

Премиерот Зоран Заев смета дека е вредно да се разгледа варијантата за намалување на данокот на додадена вредност кај електричната енергија од 18 на пет проценти, но посочува дека треба да се направат калкулации и премсетки што тоа ќе значи за економската стабилност, финансиските ресурси на државата и изворите на помагање на македонското стопанство.

-Се што е добро за граѓаните од старт ми е веднаш прифаталиво, но претседател сум на Влада и мора да пресметаме да знаеме што тоа значи секако за стабилноста економска на државата, финансиските ресурси на државата и изворите на помагање на македонското стопанство, изјави Заев денеска на прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање.

Потенцира дека ќе ја разгледаат таа можност и ќе ги направат калкулации и пресметки, наведувајќи дека и порано претседателот на Регулаторна имал јавна порака да се разгледаат овие варијанти.

-Секако е вредно за разгледување, но ние мораме да водиме грижа каков тоа импакт ќе има на севкупното обезбедување на доволни ресурси да помагаме и со петти пакет и со шести пакет понатаму на нашата македонска економија. Но секоја идеја, секоја препорака е вредна за внимание посебно кога доаѓа од европски институции како што е Европската енергетска заедница и верувам дека нашите стручни служби во Владата пред се економските министри ќе ја разгледаат оваа работа и ќе оформиме заеднички став како Влада, посочи премиерот.

Би можело да ве интересира

Втор пат за еден ден, дел од Тетово е без струја

Митева: Владата достави предлог за разрешување на Јавниот обвинител

Горан Наумовски

Владата денеска решава дали ќе ги прифати предлозите на трговците или ќе донесе и свои мерки

Владата и Стопанската комора го поддржуваат денешниот бојкот на големите маркети

Горан Наумовски

Левица: Владата кажа дека нема да го помага ЕСМ – цехот ќе го плаќаат граѓаните со поскапо парно

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска