Предлогот Бислимоски да биде уште еден мандат на чело на Регулаторна на пленарна седница

Од:

Собранието денеска ја продолжи 120.седница со дебата за Предлогот за именување претседател и членови на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Северна Македонија. За прв човек на Комисијата е предложен актуелниот претседател Марко Бислимоски, а за членови Александар Чеботарев, Фатон Амбари и Мерита Дема.

Пратениците од опозицијата искажаа незадоволство од кандидатите предложени за претседател и членови на Регулаторната комисија. Кажаа дека правичната застапеност во Комисијата е нарушена бидејќи речиси половина од вработените се Македонци и Албанци, а нема ниту еден припадник на други заедници. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека вработувањата таму треба да бидат врз основа на Мерит системот. Во мандатот на Бислимоски бројот на вработени во Комисијата е зголемен и ако пред 2021 биле 22 сега 44, а потребите за вработувања биле паушално наведени.

За актуелниот претседател Бислимоски рекоа дека со ништо не заслужил да биде реизбран, дека тактизирал при објавувањето на зголемувањето на цените на електричната енергија, како и дека документите за конкурсот ги вадел непосредно пред да се објави конкурсот.

Здравко Трајанов од ВМРО-ДПМНЕ рече дека Бислимоски не треба да биде претседател на Комисијата бидејќи во однос на цената на струјата кажал многу манипулации и извртување на тезите, ќе рече тој нема да порасне цената на струјата, а не кажува дека ДДВ се зголемува.

-Испревртување на тези за на крајот секој граѓанин да види дека константно расте цената на струјата, во првиот мандат на Бислимоски, рече Трајанов, додавајќи дека цената за струјата е зголемена за 50 отсто.

Пратеникот Диме Велковски од СДСМ рече дека Регулаторната комисија под водство на Бислимоски е оценета со највисоки оценки за нејзиното работење. Искажа позитивни оценки за стручноста и експертизата на Бислимоски.

-Ќе ве потсетам дека граѓаните во Градот Скопје веднаш беа приклучени на парно греење. Ова регулаторно тело го укина надоместокот за парно, иако имаше граѓани кои не користеа парно, рече Велковски. Тој зборуваше и за идавањето лиценци за искористување на енергијата од сонцето односно фотоволтаици.

За цената на електричната енергија, пратеникот на СДСМ кажа дека во целиот свет се зголемува, а како пример посочи на Србија каде на двапати по осум отсто се зголемила цената на струјата, а посочи и дека кај нас се вози најевтин бензин од земјите во регионот.

За Дема, која била предложена и на претходен конкурс ама немала десет години работно искуство па го повлекле, рекоа дека не е соодветен кандидат. За Чеботарев, кој е магистер по електротехника и информациски технологии дека се наградува како кадар на СДСМ.

Илире Даути од Алијансата на Албанците и реплицираше на Бети Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ дека има право да критикува за цените на електрична енергија, но дека грешка е да ги цени кандидатите според должината на биографиите, коментирајќи за кандидатот Амбари. Тој поднел биографија (CV) од 90 страни. Даути рече дека предложениот Амбари има долго искуство во енергетиката и економијата.

Седницата ќе продолжи во 15 и 30 часот.

Би можело да ве интересира

До крајот на годинава ќе нема дополнителен час евтина дневна тарифа

Горан Наумовски

Бислимовски: Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски

Бислимоски: Најголемите пекарски компании се законски обврзани да обезбедуваат струја на слободниот пазар

Нема пазарна логика да се приватизира АД ЕСМ, тврди Бислимовски

Поевтинува дизелот