Предлог-законот за финансиска поддршка на тутунарите пред собраниската Комисија за земјоделство

Од:

Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска на седница треба да го разгледа Предлог-законот за финансиска поддршка на тутунарите чија цел е намалување на последиците од корона пандемијата врз производството и откупот на тутунот.

Законот е предложен од Министерството за земјоделство, за донесување по скратена постапка и со него се предвидени вкупно 307.500.000 денари поддршка.

Проектирани се по три денари за килограм произведен и продаден необработен тутун во регистрирано откупно претпријатие согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи од II класа, како и по 16 денари за килограм произведен и продаден необработен тутун во регистрирано откупно претпријатие согласно Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи од III и IV класа.

Овие средства беа најавени како дел од петтиот пакет антикризни мерки што ги донесе Владата.

-Имајќи ја предвид состојбата со откупот од реколтата 2020 година, во која можеше произведениот тутун да не се откупи и производителите да претрпат загуби од својот труд, се наметна потребата од изготвување ваков закон. Со законот се уредуваат условите, корисниците, висината и постапката за доделување финансиска поддршка за намалување на последиците врз производството и откупот на тутун предизвикани од КОВИД-19, стои во предложениот текст.

Финансиска подршка согласно овој закон ќе добијат тутунарите кои се корисници на мерката Директни плаќања за произведен и продаден необработен тутун од реколтата 2020 година од Програмата за финансиска подршка во земјоделството за 2021 година.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Откупот на тутунот е при крај, просечната откупна цена е 400 денари

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

(ВИДЕО) Талески: Власта одби 100 денари линеарна субвенција, Мицкоски, Трипуновски и ДПМНЕ ги изневерија тутунарите

Горан Наумовски

Тутунот се расадува, се предвидува добра производствена година

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун