Предлог за одложување на пререгистрацијата на земјоделците

Од:

Од 1 јануари 2015 година да започне пререгистрацијата на земјоделците, побараа неколку пратеници поднесувајќи измени на закони што Собранието на Република Македонија треба да ги донесе на денешното продолжение на шестата седница.

Пратениците треба да се изјаснат за измените на законите за пензиското и инвалидското осигурување, за придонеси од задолжително социјално осигурување и за здравственото осигурување, сите по скратена постапка, поднесени од пратениците Илија Димовски, Талат Џафери, Драган Цуклев и Ромео Тренов.

Во овие закони се менува по еден член и со нив се бара одложување на почетокот на пререгистрацијата на земјоделците од 1 јуни 2014 на 1 јануари 2015 година поради софтверско усогласување меѓу Министерството за земјоделство и Управата за јавни приходи. Поради тоа предлагачите на законите бараат тие да бидат донесени по скратена постапка.

Претходно трите закони ќе го минат филтерот на матичните комисии. На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет e Предлог на законот за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка, во второ читање. Предлог на закон за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка, во второ читање е на дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика, а Предлог на закон за изменување на Законот за здравственото осигурување, по скратена постапка, на Комисијата за здравство. Трите законски измени ќе бидат разгледани и од Законодавно-правната комисија.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници