Познати и успешни жени од ИТ светот со охрабрувања за младите девојчиња да влезат во СТЕМ професиите

Од:

Полна сала млади девојчиња со внимание ги слушаа советите и животните приказни на жени- ентузијастки кои низ времето докажале дека „Таа“ го заслужува битното место во ИТ светот. Предавањето се оддржа во просториите на кампусот 2 на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип како дел од караванот „DigiGirlz“ во организација на Мајкрософт Македонија.

„DigiGirlz“ ги внесува овие млади девојчиња во кодирање, програмирање, иновација во креирањето и стимулирањето на нови ИТ идеи со цел да се зголеми нивното учество во овие професии. Од Мајкрософт Македонија велат, „Светот е на работ на промени секоја година. Движењето на технологиите и нивната динамика ги отвора портите на иднина. Ове млади девојчиња се тие кои треба да поминат низ нив и со оваа кампања сакаме да го свртиме клучот и да ги отклучиме.“.

На настанот во Штип се обратија неколку еминентни личности од ИТ заедницата од Македонија. Девојчињата имаа можност да учат од Цвета Мартиновска Банде, декан и професорка на Факултет за информатика при Универзитетот„Гоце Делчев“. Свое обраќање имаше Елисавета Нојковска, Регионален маркетинг менаџер за модерното работно место за 24 држави.

А на агендата беа и Ирена Ивановска, раководителка на ИТ про одделот во СЕМОС, Нина Николиќ, координаторка на Swiss EP, проект на Швајцарската Влада за поддршка на претприемништвото во Македонија, Ивана Станковиќ, менаџерка за инвестиции на South Central Ventures, Моника Ризовска, менаџерка на Cosmic Development, Јана Клопчевска,доцент на Технолошко – металуршкиот факултет и Марија Мелкова, претставничка од Мајкрософт.

Елисавета Нојковска од Мајкрософт ЦИЕ за медиумите вели дека „DigiGirlz“ се стреми кон рамнотежа воИТ светот, со цел да докаже дека тој не е само за мажи. Ваквите низа настани според неа имаат мисија да им дадат совети на сите девојки за тоа како нивните желби и кариера можат да бидат изворот на нивната среќа. За неа најважен чекор е запишувањето информатичко технолошките факултети затоа што девојќите ја имаат моќта да го променат светот.

Оваа година караванот кој ќе им помогне на младите да се инспирираат започна во Скопје, и тоа во просториите на ФИНКИ. Истиот продолжи во Штип, но ќе се реализира и во Битола и Тетово во текот на наредните денови.

Би можело да ве интересира

Македонец еден од победниците на 24тиот CodeIT, организиран од Мусала Софт, дел од Киншифт

Предраг Петровиќ

Хакиран Мајкрософт, тврдат дека нападот потекнува од Русија

А1он

Мајкрософт ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија

Ана Ололовска

Кој е крипто-бегалецот кој се крие во Србија: Контроверзен Кореец ја оштети индустријата за 40 милијарди долари

А1он

Мајкрософт: Цел на руска информативна шпионажа се 42 земји кои и помагаат на Украина

А1он

Ковачевски: До 2023 намалување на персоналниот данок во ИТ од сегашни 10 на 0 проценти

Ана Ололовска