Позитивни оцени за Народната банка во најновиот Извештај на Европската комисија

Од:

Во најновиот Извештај на Европската комисија за нашата земја, дадени се оцени и за области коишто се во надлежност на Народната банка. Притоа, оцените упатуваат на релативно висока усогласеност со барањата и законодавството на ЕУ.

Во подрачјето на монетарната политика, во рамки на Извештајот, усогласувањето на регулаторната рамка на земјата со законодавството на ЕУ се оценува дека е во напредна фаза. Во овој контекст, Европската комисија дава позитивна оцена и за реакцијата на централната банка на ковид-кризата, оценувајќи дека Народната банка реагираше брзо и со целни мерки за поддршка на економијата, како преку инструментите на монетарната политика, така и со направените промени во регулаторната рамка.

Истовремено, Европската комисија констатира и напредок во однос на банкарската регулатива. Во Извештајот е нагласено дека правилата за управување со ликвидносниот ризик и лимитите на изложеност се надградени, а воедно позитивно се оценува и новото регулаторно барање банките да воспостават процес на утврдување на интерната ликвидност и да го интегрираат во нивниот систем за управување со ризици. Комисијата констатира дека е постигнат напредок и со измената на методологијата за адекватност на капиталот, што овозможува посоодветен третман на ризикот од порамнување и ризикот на другата договорна страна.

Според оцените на Европската комисија презентирани во Извештајот, банкарскиот систем останува добро капитализиран и ликвиден, со стапка на адекватност на капиталот којашто го надминува регулаторниот минимум. Квалитетот на кредитното портфолио, според оцените на Комисијата се подобри во изминатиот период, при што е намалено учеството на нефункционалните во вкупните кредити на банкарскиот систем. Во тој контекст, во Извештајот е напоменато дека е важно што централната банка е посветена на спроведувањето на Стратегијата за поттикнување на справувањето и подобрување на управувањето со нефункционалните кредити. Одделно е посочена важноста и на Стратегијата за денаризација, при што се издвоени и податоците од крајот на 2019 година коишто покажуваат дека учеството на кредитите деноминирани во странска валута во вкупните кредити е намалено во изминатиот период.

Во поглавјето за статистиката, посебна оцена е дадена и за статистиката којашто е во надлежност на централната банка. Притоа, Европската комисија напоменува дека Народната банка е целосно посветена на примената на кодексот на статистичките стандарди и дека го подобрува својот капацитет за нивно постојано имплементирање во своето работење.

Оцените на Европската комисија презентирани во најновиот Извештај претставуваат потврда на заложбите и остварувања на Народната банка во изминатиот период. Народната банка и натаму секојдневно ќе биде посветена на остварување на својата стратегиска определба за забрзано чекорење по патот кон Европскиот систем на централни банки.

Би можело да ве интересира

Гувернерката ги прими стипендистите од ЕФА: Народната банка дава поддршка за развој на младите

Народната банка потпиша меморандум со Клубот Алпбах за унапредување на финансиската писменост

Годишен раст на зелените кредити од 26 отсто во првиот квартал од 2024 година

Народна банка предупредува за измами: Не давајте лични податоци на лица кои лажно се претставуваат

НБ: Основната каматна стапка останува 6,30%, економскиот раст и инфлацијата во рамки на очекуваното

Викторија Глигорова од Народната банка: Банкарскиот систем во нашата земја и натаму е сидро на стабилноста

A1on