Пoвторно пуштена во работа рафинеријата на „Лукоил“ во Романија

Од:

Рафинеријата на „Лукоил“ во Романија повторно отпочна процедура за пуштање во експлоатација, откако вчера нејзиното производство беше запрено, соопшти компанијата.

Како што јави ТАСС, по сослушувањето на 6 октомври 2014 година во Апелацискиот суд во Плоешт беа прекратени мерките што против рафинеријата беа  преземени на 2 октомври.

– Поради тоа „Лукоил“ почна процедура за повторно стартување на технолошката опрема во  рафинеријата „Петротел“, изјави портпаролот на „Лукоил“, Виталиј  Матушкин.

Рафинеријата во Плоешт ја запре својата работа по препорака на романските власти во рамки на спроведената истрага под сомненија за перење пари и прикривање приходи.

На 2 октомври романската полиција изврши претреси во рафинеријата во Плоешт. Обивнители од управата за борба со корупцијата, придружувани од припадници на  специајлните единици, од објектот зедоа сметководствени документи и територијата на фабриката ја поставија под присмотра.

Компанијата „Лукоил Јуроп Холдингс“, која е дел од руската група „Лукоил“, поседува 97,1 проценти од рафинеријата во Плоешт.

Во Романија оваа групација има мрежа од 300 бензиснки станици.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва

ВИДЕО: „Романскиот Трамп“ и градоначалникот на Букурешт во вториот круг претседателски избори