Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари годинава се повисоки за 1,4 проценти на месечно ниво, а за 0,7 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за сттаистика.
Во февруари во споредба со јануари годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите „интермедијарни производи, освен енергија“ за 3,3 проценти, „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 1,1 процент, „енергија“ за 0,7 проценти и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 0,1 процент.
Во февруари годинава во споредба со февруари лани продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите „трајни производи за широка потрошувачка“ за два процента, „енергија“ за 1,5 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за еден процент.