Придружувани од претставници од трите најголеми банки доверители, од утре заинтересираните потенцијални инвеститори за Фени ќе вршат увид во состојбата на комбинатот.
Привремениот стечаен управник Мирослав Анастасиевски веќе го информирал сегашниот сопственик Кунико за ова, а согласност дале и претсавници на Синдикатот на Фени.
Засега има три сериозни заинтересирани инвеститори за Фени, а банките не ја исклучуваат можноста и бугарски Енекод да даде понуда доколку ги исполни условите.
Потенцијалните инвеститори треба да имаат најмалку 20 милиони евра за финансирање на стечајната постапка, за обртни средства и за измирување на минималните обврски кон банките и доверителите.