Поскапуваат горивата

Од:

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84% во однос на одлуката од 11.5.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 4,961%, кај дизелот за 0,295%, кај екстра-лесното масло има намалување за 0,517% и кај мазутот има зголемување за 14,450%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1064%.

Во оваа пресметка земени се во предвид намалениот износ на акцизите за 2,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и е вкалкулиран намалениот износ на ДДВ за нафтените деривати за ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 во износ од 10%.

Од 19.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 50,814 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,846 ден/кг и сега ќе изнесува 50,814 ден/кг.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот

Трамп се брани по договорот со Путин: „Донесов правилна одлука за Американците“

ВИДЕО: Трамп се закани со ограничување на извозот на дизел од САД, бара Европа да ослободи резерви

Поскапува дизелот за 5,5 денари по литар

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Историски високи цени на дизелот во Европа: најлошото допрва доаѓа

Дизелот во Германија достигна рекордни 2,47 евра за литар

Катерина Ѓуровски