Пораст на профитот на „Кока Кола“

Од:

Американската компанија „Кока-Кола“ соопшти дека нето профитот во третиот квартал е зголемен за 3% благодарение на тоа што се проширила во пазари со раст, а на домашниот пазар продале повеќе енергетски пијалоци и чаеви.

Компанијата наведува дека глобалниот обем на продажба е зголемен за четири отсто во третиот квартал, но растот е поизразен на пазарите во раст. На пазарот во Северна Америка, Кока-Кола има раст на продажбата од два отсто, додека продажбата на „кока-кола“ и “спрајт“ во Индија е зголемена за 34 односно 15 отсто.

„Тоа го постигнавме со константно инвестирање во нашиот бизнис и нашите марки, за да обезбедиме дека нашето глобално портфолио денес ќе биде порелевантно и поздраво од кога и да е“, изјави Мухтар Кент, извршен директор на фирмата.

„Кока-Кола“ наведува дека во трите месеци заклучно со 28. септември заработиле 2,31 милијарда долари или 50 центи по акција во однос на 2,22 милијарди или 48 центи по акција во истиот квартал лани. Приходите се зголемени за еден отсто на 12,34 милијарди долари.


 

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов