Пораснаа трошоците за живот

Од:

Индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во септември оваа година, во однос на претходниот месец, изнесува 101.4, а во однос на истиот период лани изнесува 105.3.

Според податоците на Државниот завод за статистика во септември 2012, во однос на август 2012, пораст на индексите е забележан во групите: Образование за 10,1%, Транспорт за 2,7%, Храна и безалкохолни пијалаци за 2,3%, Облека и обувки 1%, Останати стоки и услуги за 0,8 %, Комуникации за 0,4 %, Здравје за 0,3 %, Домување, вода, електрика, гас и др. горива и Ресторани и хотели за 0,1 %.

Намалување на индексот на трошоците на животот е забележано во групите: Рекреација и култура за 1,1 % и Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0,3 %.

Индексот на групата Алкохолни пијалаци, тутунот остнаа на ниво од претходниот месец.

Би можело да ве интересира

Најмалку 57 луѓе починаа во Газа од неухранетост

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски