Порамномерен регионален развој преку јавни приватни партнерства

Од:

Развој, насочување и охрабрување на формирањето јавни приватни партнерства во Македонија со цел нивна примена како стратешки концепт за развој на регионите и оптимално искористување на европските средства за подобри услуги на граѓаните, е целта на првата Меѓународна конференција „Можности за јавно приватно партнерство и регионален развој“, во организација на C.R.E.A.M. Македонија.

Министерот за ресор задолжен за регулативата за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ, рече дека јавното-приватно партнерство во Македонија е регулирано веќе подолго време и во пракса се уште е во зародиш и не се доволно искористени потенцијалите кои што ги нуди оваа форма на инвестирање во инфраструктурни проекти.

– За овој кус период имаме одредени позитивни и негативни искуства, и во иднина мора да посветиме многу поголемо внимание на оваа форма на инвестирање. Ова е многу значајно имајќи ги предвид лимитираните финансиски капацитети, како на централните власти, така и на локалната самоуправа. Особено на јавното-приватно партнерство како фактор во порамномерен регионлен економски развој, што е една од основните потреби на економскиот развој во Македонија. Да се развие економскиот живот насекаде во Македонија, не само во Скопје. Сведоци сме дека најголем дел активности се одвиваат овде и во иднина е потребно да се дисперзираат што е повеќе можно и да се овозможат услови за живот и во другите краеви во Македонија, изјави Шапуриќ.

Посочи дека јавно приватно партнерство во пракса се одвива со променливи резултати и има позитивни и негативни примери, меѓутоа е форма која во иднина треба да се развива уште повеќе.

– Ако зборуваме за долги, градскиот луна парк долго време тешко се наоѓаше партнер, па имаме едно јавно-приватно партнерство во Дризла. Имаме и успешни партнерства кои функционираат во некои оштини, јас очекува тие да бидат и во изградба на регионални депонии, каде ќе има и постројки за преработка на отпад и други видови на третман на отпад, рече Шапуриќ.

Според Зоран Лазаревски од C.R.E.A.M. Македонија, моделот на јавно приватно партнерство не бара голема финансиска интервенција на државата, а претставува нов начин за искористување на инвестициските потенцијали и изградба на инфрастрктурата.

– Овој модел во светот се карактеризира како помош за самопомош што значи мобилизирање на приватниот капитал во јавниот сектор поради намалување на трошоците, а зголемување на квалитетот на услугата. Јавното приватно партнерство може да се опише како кооперација меѓу јавниот и приватниот сектор во доменот на планирање, финансирање, работење или наплата на јавните работи. Пари има, треба да има проекти. Парите ќе бидат од разни инвестициски фондови, Европската комисија за финансирање и партнери на C.R.E.A.M. Европа, рече Лазаревски.

Посочи дека Македонија има огромен потенцијал за формирање на јавно-приватно партнерство и како локален партнер на C.R.E.A.M. Европа очекуваат да направат проекти, од кои дел може да бидат во електрани, депонии, образование, здравство и инфраструктура.

Регионалниот координатор на C.R.E.A.M. Европа Валери Димитров најави дека за краток период ќе предложат програма за развој на Македонија низ јавно-приватно партнерство.

– Македонија има потреба од помош на јавниот и приватниот сектор. Со оваа конференција ќе покажеме кои се првичните можности и начинот на кој може да се работи, изјави Димитров.

Алијансата C.R.E.A.M. е невладина организација која што остварува јавни приватни партнерства со цел забрзување на имплементацијата на инфраструктурните проекти во земјата преку иницирање на проекти за јавни приватни партнерства, организирање на програми за обука и практиката во Европа.

Би можело да ве интересира

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина