Поради штрајк приземјени повеќе авиони на „Рајанер“ низ Европа

Од:

Синдикатите на вработените во нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ од шест европски држави денеска организараат штрајк, кој се очекува да ги попречи летовите низ целиот континент.

Штрајкуваат синдикатите на „Рајанер“ во Германија, Шпанија, Португалија, Белгија, Италија и Холандија. Можно е над 2.000 летови да бидат откажани поради штрајкот, од кои 250 само во Германија.

– Имавме сериозни закани од компанијата и затоа сме многу задоволни што колегите се приклучија на штрајкот, изјави Мира Нојмајер од германскиот синдикат Верди.

Вработените бараат повисоки плати и подобри услови за работа.

Би можело да ве интересира

Рајанер очекува во летните месеци пополнетост на авионите до 94 отсто

Ана Ололовска

„Рајанер“ предупредува на зголемени цени и веројатно доцнења на летовите во текот на летото

Ана Ололовска

„Рајанер“ има 95 отсто помали приходи во однос на минатата година

Ана Ололовска

„Рајанер“ ќе отпушти 3.500 вработени ако не прифатат пониски плати

Ана Ололовска

Рајанер планира да укине 500 до 700 работни места

Штрајк во Рајанер, откажани 600 летови

Наум Локоски