Над 150 илјади евра оштета треба да плати фармацевтската компанија „Продис“ поради неиспочитувани обврски од договорот заинвестирање во ТИРЗ Скопје 1, Бунарџик.
Како што појасни портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција, компнијата согласно договорот имала обврска да вработи најмалку 100 лица за една година, но во 2015 и 2016 година не го испочитувала договорот.