Понуди за работни места од 25 компании на Саемот за вработување во Штип

Од:

Дваесет и пет компании од источниот регион нудат работни места за невработени лица на вториот Саем за вработување, што беше отворен денеска во галеријата „Безистен“ во Штип.

-Задоволен сум од посетата на компаниите, бидејќи над 25 квалитетни компании се присутни тука. Ме радува тоа што на првиот Саем направивме доста идни вработувања, бидејќи тогаш се претставија неколку компании кои што првпат влегоа во Република Македонија и ги вработија дел од тие посетители, кои оставија биографии кои што беа на тој ден, изјави директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.

Најбитниот момент за којшто ги организираме овие Саеми, сега и во иднина, истакна Поповски, е да ги мотивираме младите луѓе да избираат вистинска професија, која што ќе им даде работно место, бидејќи се поголем број одат на општествени науки, од што има презаситеност на пазарот на труд.

Поповски смета дека преку овие саеми младите луѓе ќе се одлучат да ги избират електротехничките струки, бидејќи токму на пазарот на трудот се бара ваква квалитетна квалификувана работна сила. Според анализите на Агенцијата за вработување на саемите за вработување во 2014 и 2015 година имале над 79.000 посетители, а компаниите преку овие саеми примиле над 21.000 барања за работа.

– Добивме информација и дека од 750 компании кои што учествуваа на тие саеми дека некаде околу 2.500 луѓе директно се вработиле, изјави Поповски.

Во текот на јули годинава Агенцијата за вработување ќе излезе и со новите анализи за посетеноста и успешноста на саемите за вработување, кои се организираат низ земјава.

Раководителот на Центарот за вработување-Штип, Лазе Димчов забележува дека од 2014 до 2017 година има намалување на бројот на невработени во оваа општина.

– Во 2014 година имавме 2.800 активни баратели, а сега имаме 1.950 лица кои активно бараат работа во моментов. Тоа значи дека бројката на невработени ни се намалила. Но, исто така во однос на тоа имаме зголемување на бројот на вработени во Штип. Имаме нови компании кои дојдоа и имаат вработено по 300 лица од последниот Саем од 2014 до денес. Но и домашните компании имаат исто така големо вработување со проектот Македонија вработува. Само во Штип имаме вработено 1.400 лица преку проектот Македонија вработува, рече Димчов.

Компаниите кои денеска се претставија на Саемот за вработување велат дека се задоволни од посетеноста. Меѓу компаниите кои се претставуваат се и странските компании кои изградија свои капацитети во Кочани, Пробиштип и Виница.

Кица Стојковска од Краунфилд Фаундри во Пробиштип вели дека како компанија која ќе произведува делови за автомобилската индустрија нуди повеќе од 120 работни места во првата година, а во наредните години и над 200 работни места.

Би можело да ве интересира

Двајца штипјани пазареле откако искористиле туѓа трансакциска сметка

Момче објавило експлицитна содржина од својата партнерка

Жителите на делови од Штип четири дена се без бода

Катерина Ѓуровски

Локализиран пожарот кој избувна во штипската населба Пребег

Горан Наумовски

Два пожари на штипските гробишта, ЈП „Исар“ и ТППЕ Штип апелираат граѓаните да бидат претпазливи

Штип бара поддршка од воздух за гаснење на пожарите