Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,6 отсто на месечно ниво, односно за 6,1 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Во јануари 2015, во споредба со декември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 отсто, Енергија за 0,7 отсто и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 отсто.
Во јануари 2015, во споредба со јануари 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 12,3 отсто, Капитални производи за 4,3 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 2,1 отсто и Интермедијарни производи, освен енергија за 2,0 отсто.