Пониски продажните цени на индустриските производи

Од:

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари годинава се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво, а пониски за 3,3 проценти на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, продажните цени во споредба со јануари годинава се повисоки во групата Капитални производи за 1,5 и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,3 отсто, додека во групата Трајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.

Во споредба, пак, со истиот месец од претходната година продажните цени се пониски во групата Енергија за 8,8, како и во групите Интермедијарни производи, освен енергија и Капитални производи за 1,3 отсто. 

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто