Очекувањата на раководителите на компаниите од областа на градежништвото за вкупните порачки (договори) за градежните работи се понеповолни во третото тримесечје, а се очекува и намалување на бројот на вработени.
Според информациите од Државниот завод за статистика, во наредниот период се очекува да се зголемат продажните цени, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата.
Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат зголемените трошоци за материјали со 22,4 отсто, немањето побарувачка со 20,3 проценти, конкуренцијата во сопствениот сектор со 13,8 и недостигот на обучен кадар со 12,1 процент.
Оценката за економската состојба во третото тримесечје од годинава е поповолна во однос на претходното тримесечје, а е поповолна и во однос на третото тримесечје од 2017 година.