Помалку депозити во банките на еврозоната

Од:

Нивото на депозитите во банките во поголемиот дел од еврозоната забележа пад во април, што е показател дека договорениот пакет за помош на Кипар влијаел на довербата во регионот, покажуваат податоците на Европската централна банка.

Позајмувањата на банките на приватниот сектор на еврозоната продолжуваат да опаѓаат, имајќи предвид дека долгорочната должничка криза ја задушува побарувачката на кредити.

Според условите на договореното во рамки на пакетот помош за Кипар, депонентите во банките со депозити поголеми од сто илјади евра ќе претрпат значителни загуби, што е пример без преседан, кој доведе до поместување на депозитите ширум регионот.

Кипар е најтешко погоден, имајќи предвид дека во таа земја депозитите на приватниот сектор во само еден месец се намалени за 7,3 отсто, на 41,32 милијарди евра.

Случувањата во Кипар имаа влијание и на соседна Грција, каде депозитите се намалени за 1,6 отсто.

Во Шпанија депозитите се намали за 1,5 отсто на најниско ниво од октомври, во Португалија за 0,5 проценти, во Ирска за 0,1 отсто и во Италија за 0,3 отсто.

Од друга страна банките во Франција, Германија, Белгија, Австрија, Естонија и Словачка евидентирале прилив на депозити, во согласност со неодамнешниот тренд.

Обемот на кредитите, кои банките од еврозоната го одобрија за приватниот сектор во април е намален за 0,9 отсто на годишно ниво, откако во март опадна за 0,7 проценти.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот