Полска го забрани увозот на украинско жито

Од:

Полска го забрани увозот на жито и друга храна од Украина за да го заштити својот земјоделски сектор, изјави владин претставник.

Големи количества украинско жито, кое е поевтино од она што се произведува во Европската унија, завршило во Полска и другите централноевропски земји, што ги урна цените и ја погоди продажбата на локалните фармери. Ова, пак, создаде политички проблем за владејачката партија Право и правда во изборната година.

„Ние сме и остануваме непроменети пријатели и сојузници на Украина. Ќе ја поддржуваме и ја поддржуваме…Но, должност на секоја држава, секоја влада, добра влада во секој случај е да ги заштити интересите на своите граѓани“, рече лидерот на партијата Јарослав Качински.

Качински рече дека Полска е подготвена да започне преговори со Украина за решавање на проблемот со житото и дека украинската страна е веќе информирана за одлуката.

Би можело да ве интересира

Приносот на жито во Русија годинава достигна 130 милиони тони

Изгоре жито меѓу карбинските села Долни Балван и Трогерци

Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри

А1он

НАСА го разоткри големиот руски грабеж

Горан Наумовски

Шест бродови со жито ги напуштија пристаништата во Украина откако Русија повторно се приклучи на договорот

Милиони тони жито се заглавени во украинските пристаништа