НАСА го разоткри големиот руски грабеж

Од:

Оваа година Русија на украинските полиња зела жито во вредност од приближно една милијарда долари, објави американската вселенска агенција НАСА.

Околу 5,8 милиони тони пченица се собрани на полиња во подрачја „не под украинска контрола“, објави НАСА Харвест, програма на агенцијата за безбедност на храна и земјоделство.

НАСА Харвест во соработка со неколку партнерски институции користела сателитски податоци и моделирање за истражување. Вкупно, годинава на украинска територија се собрани 26,6 милиони тони пченица, што е значително повеќе од минатогодишните предвидувања, проценуваат научниците вклучени во истражувачкиот проект.

Иако ова е намалено од минатогодишниот рекорд од 33 милиони тони, обемот е сè уште блиску до петгодишниот просек од 27,9 милиони тони.

Украина немаше пристап до 22 отсто жито во источниот дел на земјата поради тековната војна.

Според НАСА, вкупно 88 отсто од минатогодишните зимски култури биле собрани во области кои не се контролирани од Украина. Неожнеаното жито најчесто се наоѓа на полињата во близина на линијата на фронтот.

Би можело да ве интересира

Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри

А1он

Полска го забрани увозот на украинско жито

Русија: Ќе го обновиме договорот за извоз на жито, но за 60 дена

Ердоган и Путин разговарале за можностите за извоз на други стоки по таканаречениот „коридор на жито“

Белорусија ќе дозволи транзит на украинско жито во Литванија

Постигнат договор за продолжување на извозот на украинско жито преку црноморската траса