Политичарите и богаташите владеат со светот

Од:

Американското списание „Форин полиси“, кое излегува на секои два месеци, изработи листа на 500 навлијателни луѓе во светот, меѓукои се најдоа моќни монарси, политичари, шефови на безбедносни служби, верски лидери, директори, уредници, банкари и други богаташи.

На листата се посместени американски претседателски парови, сегашниот Барак и Мишел Обама и поранешниот Бил и Хилари Клинтон, која донеодамна беше државен секретар.

Меѓу 500-те навлијателни личности во светот се и претседателот на Русија Владимир Путин, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, како и тибетанскиот духовен лидер Далај Лама, генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ку-мун, градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг, но и директори на безбедносни агенции, на американската ЦИА Џон Бренан и на руската ФСБ Александар Ботникоф.

На листата на најмоќните е и претседателот на Франција, Франсоа Оланд, турскиот претседател Абдула Ѓул, градоначалниците на Токио и Осака Наоки Иносе и Тору Хашимото, како и претседателот на Авганистан Хамид Карзаи и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ил.

Најмоќна светска марка е „Кока кола“, чии прозводи се конзумираат во повеќе од 200 држави, а на листата најголеми компании е и „Епл“, а меѓу највлијателните во виртуелната сфера се „Фејсбук“, „Гугл“, „Јутјуб“, „Википедија“ и „Јаху“.

Продот на листата, на која донеодамна доминираат западни богаташи направија и милијардери од истокот, а најмногу од Индија и Кина, со веќе традиционално богатите шеици „нафташи“ од Азија.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов