Поевтинуваат бензините

Од:

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08% во однос на одлуката од 15.12.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 6,021%, кај дизелот за 3,929%, кај екстра лесното
масло за 3,168% и кај мазутот намалувањето е за 0,401%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,6378%.

Од 19.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Би можело да ве интересира

Повторно расте цената на нафтата

Иран извезе нафта во вредност од шест милијарди долари за време на примирјето со САД

Горан Наумовски

Ќе има намалување на акцизите кај дизелот и безоловните горива. најави Мицкоски

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

Цената на нафтата „Брент“ е 73 долари – паѓаат и цените на златото и пченицата

Поскапуваат горивата