Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот остануваат исти

Од:

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64% во однос на одлуката од 9.12.2025 година. Така, од вечер на полноќ максималните цени на дизелот и бензините остануваат исти, а намалување од 1,089 ден/лит ќе има на Мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 32,883 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,559%, кај дизелот има намалување за 2,715%, кај екстра лесното масло за 0,766% и кај мазутот намалувањето е за 4,528%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,2743%

Од 13.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат 75,00 (денари/литар) на ЕУРОСУПЕР БС – 95; 77,00 (денари/литар) на ЕУРОСУПЕР БС – 98; 68,50 (денари/литар) на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V); 66,50 (денари/литар) на Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) и 32,883 (денари/килограм) на Мазут М-1 НС.

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 13.12.2025 година, додека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Би можело да ве интересира

Ајвар, ќебапи и криптовалути во центарот на Скопјe: Binance носи мешавина од традиција и иновација

Дизелот поскап за 3,5 денари – цената на бензините останува непроменета

А1он

ДДВ за горивата се намалува од 18 на 10 отсто – цената на дизелот сепак ќе се зголеми

А1он

Словенија воведе ограничување на горивото поради проблеми со снабдувањето

А1он

Владата на седница ќе донесе мерки за ублажување на ценовниот скок на горивата

А1он

Владата утре со вонредни мерки за горивата