Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 % во однос на одлуката од 20.3.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,142%, кај дизелот за 1,811%, кај екстра лесното масло за 2,208% и кај мазутот има намалување за 3,583%.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,052 ден/кг и сега ќе изнесува 37,078 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Од 23.3.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 37,078 (денари/килограм)

Би можело да ве интересира

Поевтинуваат горивата

Нови цени на горивата

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Горан Наумовски

Поевтинува дизелот, цените на бензините не се менуваат

Скок на цените на горивата

Катерина Ѓуровски

Поскапуваат горивата од полноќ

Орце Костов