Подготвен национален преглед што ќе даде насоки за борба со сиромаштијата, нееднаквоста и одржливиот развој

Од:

Националниот совет за одржлив развој, денеска на оналјн седница го разгледа Доброволниот национален преглед за имплементација на „Агендата 2030“ на Организацијата на Обединетите нации, пред тој да биде разгледан и усвоен од страна на Владата.

Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања Мила Царовска, која е и Национален координатор за имплементација на „Агендата 2030“, истакна дека во Северна Македонија по прв пат е изготвен еден ваков Национален преглед, којшто треба да даде јасна слика до каде сме и во која насока треба да се движиме понатаму во остварувањето на целите за одржлив развој, како што се родовата еднаквост, борбата со сиромаштијата и социјалната исклученост, како и за заштитата на животната средина.

– Ова е жив документ којшто ќе продолжи да се менува во насока на исполнување на целите од „Агендата 2030“ на ООН. Прегледот, по својата форма и содржина има за цел да го следи напредокот на спроведување на „Агендата 2030“ на локално, национално и меѓународно ниво, на начин што ќе биде прикажан и интегрираниот пристап на државата по однос на одржливоста“, подвлече Царовска, соопштија од кабинетот на вицепремиерката.

Во подготовката на Доброволниот национален преглед за имплементација на „Агендата 2030“ освен 12 министерства, свој значаен, се посочува, придонес дадоа и триесетина граѓански организации, Агенциите на ООН во Северна Македонија, Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), Шведската меѓународна развојна агенција (СИДА), Јапонската меѓународна агенција за соработка (ЈИЦА), Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), УСАИД, експерти од различни области, МАНУ, како и од Државниот завод за статистика, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ

Осигурувањето за регистрација сепак поскапува: Премијата останува иста, повисоки се трошоците на осигурителните компании

A1on

МФ: Заокружена финансиската конструкција за изградба на Гасниот интерконектор со Грција, обезбедени 98,6 милиони од ЕБОР

МФ: Се проширува поддршката од Трезорот на САД – Нов Договор за зајакнување на капацитетите за надзор над небанкарскиот финансиски сектор

МФ: Конзистентноста во политиките, напорите за фискална консолидација и економски раст потврдени од „Стандард и Пурс“, задржан кредитниот рејтинг