Поделеност во Атина околу договорот со кредиторите

Од:

Во грчката Влада има знаци на незадоволство за предлозите од страна на Атина со кои треба да се обезбеди договор со кредиторите, иако повеќето министри и пратеници на владејачката коалиција се воздржуваат од коментари пред да ја видат конечната везија на договорот, јави дописникот на МИА од Атина.

Заменик-претседателот на Парламентот, Алексис Митропулос прв изрази сомнеж, и изјави дека е можно договорот да не помине во Парламентот.

Но, министерот за труд, Панос Скурлетис го обвини пратеникот на Сириза дека избрзал со заклучокот. Тој изрази уверување дека пратениците на владејачката коалиција ќе го поддржат договорот.

Државниот министер, Никос Папас е сигурен дека пратениците че го одобрат договорот.

– Ве уверувам дека договорот ќе биде таква што ќе ја добие поддршката од владиното мнозинство и од грчкиот народ, изјави Папас за телевизијата Мега.

Се очекува за евентуалниот договор да се гласа најдоцна до понеделник, за да се има доволно време за парламентите во другите земји од еврозоната да гласаат до крајот на месецов, кога Грција мора да му плати приближно 1,6 милијарди евра на Меѓународниот монетарен фонд.

Сепак, се уште не е познато каков е ставот на коалицискиот партнер Независни Грци. Лидерот на партијата, министерот за одбрана Панос каменос вчера изјави дека неговите пратениците нема да го поддржи договорот ако со него се укине намалувањето на данокот на додадена вредност за островите.

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот