Поддршка од 150 милиони денари за модернизација на земјоделството, преработка и маркетинг

Од:

Сто и педесет милиони денари ќе добијат финансиска поддршка земјоделците кои склучуваат договори со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за модернизација на земјоделските стопанства, односно за трактори и приклучна механизација и за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи.

На јавниот повик за доставување барања за користење финансиски средства од оваа програма кој беше објавен на 13 декември 2013 и траеше до 15 јануари годинава беа доставени 800 барања за финансиска поддршка за инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства кои обработуваат житни или индустриски култури.

Ќе бидат склучени договори со 612 корисници за трактори и останата механизација и десетина договори за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар