Почнуваат официјалните разговори на ММФ со Србија

Од:

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводена од Џејм Руф, денеска во Белград ќе ги почне официјалните разговори со претставници на Владата на Србија и Народната банка на Србија по повод осмата завршена ревизија за тековниот тригодишен аранжман со Србија.

Планирано е да се разговара за состојбата на јавните финансии на Србија, реформите на јавните претпријатија и јавниот сектор, како и за буџетот за 2018 година.

Според најавата на министерот за финансии на Србија Душан Вујовиќ, тема на разговорите ќе бидат и условите за нов аранжман со ММФ, кој не би вклучувал заем, бидејќи на Србија не и е потребен.

Актуелниот аранжман во вредност од 1,2 милијарди евра истекува во февруари 2018 година, но Србија не ги користеше одобрените средства.

Планирано е мисијата на ММФ во Србија да престојува до 7 ноември.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он