Почнува со работа фабриката на „Адиент“ во ТИРЗ Струмица

Од:

Во технолошко-индустриската развојна зона во Струмица денеска ќе биде отворена фабриката на американската компанија „Адиент“ (поранешен Џонсон Контролс).

Во фабриката, којашто е прв капацитет во ТИРЗ Струмица, ќе се произведуваат навлаки за автомобилски седишта. Инвестицијата изнесува 20 милиони евра, а според првичните најави, предвидени се 1.500 вработувања.

Во новиот капацитет, изграден на површина од 13.000 метри квадратни, треба да бидат префрлени 750-те работници што ги ангажираше „Адиент“ во браунфилд погонот во Струмица, а до крајот на годината уште 400 нови вработувања.

Изградбата на капацитетот почна пред една година, а инсталацијата на опремата и машините кон крајот на април.

На отворањето на фабриката е најавено обраќање на потпретседателот за операции на „Адиент“ Владимир Теплик, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо, како и претставници на Владата.

Би можело да ве интересира

АХВ: Водата во Струмица не е за пиење, има манган и колиформни бактерии

Горан Наумовски

Осуденик излегувал од затвор за да краде и ограбува

Сообраќајка во центарот на Струмица, повредени се момче и малолетничка

Струмица наскоро прв балкански град со целосно електричен јавен градски превоз

Во Струмица oбид за киднапирање на тригодишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело

Во пожар во Струмица изгореа две куќи, двајца повредени